Skip to main content

“Brexit” во водство, пазарот во опаѓање

Brexit води за 2 до 4%, британската фунта паднала за 1% во однос на американскиот долар

 |  инфодеск  | 

Додека поддржувачите за излез на Велика Британија од Европската унија се во водство, продавачите и изнајмувачите на деловни простори во договорите почнале да ставаат т.н. Brexit клаузула за да, колку толку, го оживеат мртвиот пазар.

Поддршката на Британците за излез од ЕУ на референдумот, кој е закажан за 23 јуни, се зголеми, покажаа резултатите од анкетите кои ги спроведоа TNS и YouGov за телевизиската мрежа ITV. Спрема YouGov, од 3945 анкетирани 45% го поддржуваат Brexit додека 41% се за останување во ЕУ, а 11% од анкетираните биле неодлучни. Анкетата на TNS на 1213 лица покажала дека 43% ќе гласаат за излез од ЕУ, 41% за останување на земјата во ЕУ, а 16% биле неопределени.

Откако биле објавени анкетите и покажале дека Brexit води за 2 до 4 %, британската фунта паднала за 1% во однос на американскиот долар.

Неизвесноста која ја поттикна самата најава за одржување на референдум во првото тромесечие од годинава доведе до пад на трансакциите за купување и наем на комерцијални недвижнини дури за 40%, а инвеститорите во договорите ставаат клаузула која на купецот му допушта во одреден рок по референдумот да го откаже договорот ако бирачите изгласаат излез од ЕУ.