Skip to main content

Стратешкиот план за мирни избори

Стратешкиот план на активности на Министерството за внатрешни работи за претстојните избори, денеска ќе го претстави министерката Гордана Јанкулоска.

logo
лого
Стратешкиот план на активности на Министерството за внатрешни работи за претстојните избори, денеска ќе го претстави министерката Гордана Јанкулоска.

Министерката треба да ги презентира и веќе преземените мерки на полицијата во за обезбедување мирни, фер и демократски избори.

Јанкулоска веќе најави дека на денот на изборите ќе биде ангажиран доволен број обучени полициски службеници, кои треба да обезбедат вистински амбиент процесот да се одвива непречено.

Полицијата изминатиов период спроведе обука на инспектори за спречување и справување со случаи на изборни нерегуларности.

На денешната прес-конференцијата треба да присуствуваат и директорот на Бирото за Јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, како и амбасадорот на ОБСЕ Хозе Луис Хереро.

 

 

 

 

 

{loadposition content9}