Skip to main content

Учествувај и оформи си бенд – биди дел од АЛО 2 Фест

Учествувај и оформи си бенд – биди дел од АЛО 2 Фест. И годинава добра музичка понуда од алтернативната сцена ќе биде дел од фестивалот АЛО2. Организаторите, Центарот за интегриран развој на Охрид ветуваат многу забава со богати и креативни содржини и се разбира и добра дружба.

 |  Николоска Биљана  | 

Фестивалот Алтернативнативно лето 2 и годинава, по втор пат, се организира во Охрид. Во тек е отворениот повик за волонтери на кој можат да се пријават сите на возраст од 14 до 35 години и тоа за учество во организација на фестивалот, а има простор за пријавување на млади и талентирани музичари кои сакаат да оформат свој бенд или група.

„Првично рокот за пријавување беше до 10 јуни, поради екстерните тестирања, мислам дека во ред е на младите им отстапиме уште десет дена така што крајниот рок за пријавување годинава е до 20 јуни“.

Паунковски информираше дека фестивалот АЛО2 „ ќе се одржува на 29 јули. Тој вели дека останува месец и неколку дена добро да се подготват со цел настанот да помине во најдобар ред. Пануковски појасни како ќе се одвива целиот настан.

„АЛО фестивалот се состoи од два дела, првиот дел е СКЕЈТ и БАЈК натпревар, идеата е да трае од 17 часот до 21 и 30. потоа доаѓа музичкиот дел. Идејата ни беше секој млада човек што сака да учествува во нешто алтернативно што е нешто поинакво од онаа понуда што Охрид ја добива секое лето“ – вели Паунковски.

Годинава организаторите предвидуваат богата музичка понуда од алтернативната сцена, ќе настапат охридските рапери БИ – СИ генерација, охридскиот панк рок бенд Ди Аутор, најдобриот хард кор бенд од Македонија Хард фест, најдобриот Ди – Џеј Гоце Сав, џансерите ѕвезде Грајма и Џанс од Белград, а ќе настапи и најдобрата Хард кор балканска група Ласт Хоп од Бугарија. За повеќе информации и за пријава, сите оние кои што се заинтересирани, може да контактираат преку порака на Фејсбук страната на ЦИРО facebook.com/CiroOhrid или пак на официјалниот email ciro@ciro.mk. Инаку фестивалот АЛО 2 е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.