Министерот за финансии поднесе оставка
Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески поднесе оставка од функцијата поради лични причини.
Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески поднесе оставка од функцијата поради лични причини.
– Заради лични здравствени причини, вицепремиерот поднесе оставка. Причините се наведени во текстот од неговата оставка и ние тоа го разбираме и почитуваме. Владата истакнува огромна благодарност до вицепремиерот за неговата работа, ангажаманот и придонесот кој тој го остави во реализација на владините мерки, програми и политики за што сведочат неговите извонредни резултати. Му посакуваме пред се добро здравје и надминување на предизвиците со кои се соочува, а Владата секогаш ќе остане отворена за соработка со личност каква што е тој, потврди за НОВА портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.