Skip to main content

Охридскиот домат доцни на тезгите на градскиот пазар

Охридскиот домат доцни на тезгите на градскиот пазар.

 |  Валентина Неловска  | 
plastenik

Познатата сорта охридски домат доцни со зреење. Обично охридскиот домат на пазарот се појаува на почетокот од јуни, но променливите временски температури негативно се одразија врз развојот на охридскиот домат кој се одгледува во пластениците. Охридските земјоделците кои одгледуваат рано градинарски култури под пластеник мора да внимаваат не неколку постапки во одгледувањето  препорачуваат поискусните  земјоделци за да ги заштитат растенијата.

plastenik„Мора да внимаваат на проветрување на пластениците. Во ноќните часови пластениците да се отворени што за жал не се практикува кај нашите  градинари. Преку ден двете страни да се спуштени заради  променливите периоди. При облачно време температурите се ниски, но штом ѕирне сонцето за неколку минути се крева температурата внатре во пластеникот и се стрваат разлики и до  15 степени и растенијата доживуваат шок“, наведува Ванчо Стојаноски.

Покрај препорката да не се дозволи преку ден целосно да се  отворени пластениците за да бидат помали и температурните шокови врз растенијата, Стојаноски препорачува да се применува и 40 постотна мрежа за засенување на пластениците и другите градинарски култури.

plastenik„Од сега натаму треба да се користат мрежите за засенување кои помагаат да не се креваат реално високи температури и тогаш растенијето страда, а со примена на мрежата се спречуваат и заболувањата кај растенијата“, непоменува Стојаноски.

Покрај примената на проветрување и поставување на заштитни  мрежи, Стојаноски предлага и употреба на органски препарати од треви за да се намалат последиците од временските промени. Некои од земјоделците го садат расадот на домат кон крајот  на март и рескираат бидејќи Охрид е на висока надморска висина и променливите температурни амплитуди може да му наштетат на растението. Стојански напоменува дека вкусниот охридски домат на пазар достигнува цена и до 100 денари за килограм и најчесто го купуваат туристите и гостите од Скопје.