Skip to main content

Француската актерка Астрид Ветнал пристигна во Охрид на филм фест

Француската актерка Астрид Ветнал пристигна во Охрид на филм фест.

 |  Валентина Неловска  | 
ав

На Охрид филм фест  меѓу љубителите на седмата уметност допатува француската актерка Астрид Ветнал. Таа ја игра главната улога во филмот „Патот за Истанбул“ во режија на  Рашид Бушареб кој има алжирско потекло. Ветнал игра самохрана мајка чија ќерка заминува на џихад во Сирија. Елизабет е мајката, чиј лик го толкува  Ветнал, а  која решава да ја пронајде  и да ја врати пребегната ќерка назад во Белгија. За оставување на улогата Астрид Ветнал кажа дека како мајка на три ќерки оваа улога  ја доживела мошне емотивно, а со ваква приказна во реалниот живот се среќаваат голем број мајки.  

астрид„ Ми беше чест да ја играм оваа улога. Бев свесна дека треба да е добро истражена и да биде автентична и да не изгледа измислена. Тоа се должи на семејставата на кои им се случило тоа. Интензивно се бавев со улогата и за мене  тоа беше таа важно како мајка на три ќерлки, а не само како глумица“, истакна Ветнал.

Живееме во тешки времиња  и во светот има многу лоши работи, не ги знам сите одговори, но имам оптимизам дека нешто може да се подобри, кажа француската глумица Астрид Ветнал за улогата која ј а глуми. Младите тинејџери од Европа лесно може да влезат во канџите на радикалниот ислам како бунтовнички израз на младоста.

„Преку глумење  во оваа  улога сфатив дека треба да се ангажираме и да се направи дијалог со децата и заедно да се бара решение. Ако се прекине комуникацијата меѓу родителите и децата тие може лесно да влезат во друга идеологија како оваа во филмот“, кажа Ветнал.

Француската артистка Астрид Ветнал има оставрено бројни улоги  меѓу кои во филмовите на Гаврас, Клод Лелуш, Беноа Маријаж , Леспер. Ветнал се прослави со улогата во политичката  тв- серија „Црниот барон“, а во 2014 беше номинирана за наградата „магрит“.