Миноски – нов Министер за финансии
Изборот на Кирил Миновски за министер за финансии во сенка на заминувањето на Зоран Ставревски. За премиерот Емил Димитриев, Ставревски лично се вложил во економскиот развој и претставува пример како се сака Македонија.

На новиот министер му посака да продолжи посветено и чесно да раководи со буџетот. Со оставката на Ставревски, економскиот мотор на вашата Влада останува зарибан, возврати опозицијата.
Од Миноски очекуваат намалување на јавниот долг и транспарентност во трошењето на јавните пари. Владеачкото мнозинство главно се концентрираше на успесите на македонската економија и на улогата на досегашниот министер.
Жешката дискусија донесе и непристојни зборови, кои поминаа со блага опомена. Опозицијата потсетува дека во наредните недели Миноски го чекаат тешки обврски: ребаланс на буџетот, завршна сметка, а деновиве – ново задолжување.