Skip to main content

Данило Иваноски животот го посветил на метереологијата

Данило Иваноски животот го  посветил  на метереологијата. 

 |  Валентина Неловска  | 
иван

91 годишниот метереолог Данило Иваноски од Охрид и по пензионирањето е поветен на својатата професија. Веќе шест децении се бави со метереологијата.

иваноски По 3,5 децении поминати на своето работно време продолжува  неуморно по пензионирањето, хонорано да работи,  ги мери нивото и температурата на езерските води и во следните  3 децении. Годините не му тежат туку одговорно секојднево два пати во денот доаѓа од неговиот дом кај Горна Порта до градското пристаниште. Секојдневно поднесува извештај до  Управата за хидрометереолошки работи во Скопје.

„Од 1984 година 2 пати слегувам наутро околу 8.30 и попладне  од Горна Порта на Пристаниште и давам телефонски извештај до Скопје и навечер мерам и пишувам во дневниот извештај,“ раскажува Иваноски.

Пензионираниот метереолог крајно професионално и без импровизации ја извршува својата обврска. Професијата ја сака и ја извршува одговорно, не му пречат ни сонце, ни снег, ни ветер,  ни студ. Се присетува на условите за работа кога  по Војната во 1945 година од родната Петрлица , кривопаланелко,  дошол на служба во Охрид.  Условите беа промитивни, но со текот на времето се изградила и нова метереолошка станица кој аденсе се наоѓа на Дебој  и се набавиле современи апарати.

„Не беше толку развиено постепенио се развиваше и ден денес се равива. Порано поинаку беше. Прогнозите беа примитивни денес  точно се знае се за секое место , пример колку ќе е температурата , тогаш не беше така. Примитивни податоци добивавме за цела Европа ги цртав на карта, температурата и ветерот и полсе изобарите што ги  даваат  циклоните и антициклоните и врз основа на тоа се даваше прогнозата примитивно немше како сега компјутерска технологија “, си приспомнува за тие времиња Иваноски.     


Данило Ивсноски вели додека диши ќе се интерсира за временската прогноза,ќе легнува и станува со очите вперени кон небото за да погледне какво време ќе има утре.