Цената на златото на светските пазари минатата недела достигна највисоко ниво од август 2014 година откако американската централна банка сигнализираше дека каматните стапки би можеле да останат ниски уште некое време. Цената за унца злато порасна за 1,4% и изнесуваше 1309,89 долари.
Само за време на оваа година златото на пазарите поскапе за 23% бидејќи политичките и економските неизвесности во светот ги мотивираат инвеститорите на купување побезбедни форми на имот. Статистиките покажуваат дека имотот поврзан со златото, но и со среброто, е на највисоко ниво од октомври 2013 година, односно на 20.227 тони. Спрема истражувањата на Bloomberg меѓу 22 аналитичари, цената на златото дополнително ќе се зголеми идниот четврток доколку Британците изгласаат излегување од Европската унија.
Во тој случај цената на златото би можела да достигне и 1350 долари за унца во само една недела по одржувањето на референдумот. Ако пак Велика Британија одлучи да остане во ЕУ, аналитичарите предвидуваат пад на цената до 1250 долари по унца. Цената на среброто минатата недел, исто така, се зголеми за 2% на 17,86 долари, што е највисока цена од почетокот на мај, а цената на среброто во оваа година порасна повеќе од онаа на златото, односно за 29%