Skip to main content

Музичкиот фестивал „Охридски бисери“ одбележува јубилеј 15 години постоење

Музичкиот фестивал „Охридски бисери“ одбележува јубилеј 15 години постоење.

 |  Валентина Неловска  | 
бисер

Во тек е одржувањето на меѓунбаропдниот фестивал со натпреварувачки карактер  „Охридски бисери“. Во четири категории ќе се натпреваруваат 117 талентирани музичари во две дисциплини  виолина и пијано. Овој реномиран фестивал има  натпреварувачки карактер и одбележува јубилеј, информира еден од организаторите професор Ѓорѓи Улишев.

бисер„ За овие 15 години во Охрид на музичкиот подиум продефилирале 2500 млади музички таленти. Дел од нив се познати репродуктивни уметници кои концертираат на музичките сцени во светот. Тоа го потврдуваат двајца музичари од Врашва кои победија во 2014 гдоина на фестивалот и денес  концертираат во Карнеги Хол, САД, во Холандија, Германија, Франција. Тие се само еден дел од многуте европски бисери кои блескаат на музичката европска сцена,“посочува проф Улишев.
Од победниците на овој ренмиран фестивал  заблескале имињата и на двајцата охридски музичари виолинистот Климент Тодороски и флејтиската Катерина Бачева.
Годинава, на фестивалот Охридски бисер учествува и младата, талентирана руска пијанистка од Москава,  Ангелина Кузњицова. Нејзините родители Андреј и Љиљана кажуваат зошто одлучиле да допатуваат со својата ќерка  на овој музички фестивал во Охрид.

бисер„Тоа беше заедничка одлука. Училиштето  ни дава програма за летото за следната учебна година. Одлучивме во следните седум дена да претсојуваме во Охрид пред се заради тоа што натрпеварот е под покровителство на EMCI и затоа шпто е познат натпревар  во историско место. Тоа беше пресудно. Исто така и можноста д а се сретнат нови пријатели, колеги и педагози, да се научи нешто ново“, напоменува Андреј.  

Фестивалот „Охридски бисери“ е натпревар под покровителство на асоцијата од Европската унија за млади талентирани музичари и стручно жири составено од врвни светски музички педагози. Во Охрид се музичките имиња како што се  Алксандар Сердар од СРбија, Јасен Тодоров од САД ,Арбо Валдо  од Естонија, русинот Кравченко и др.
Победниците ќе бидат прогласени во понеделник на 20 јуни во катердалната црква Св.Софија.

Музичкиот натпревар воведе и новина концерт на членовите на жирито. Вечерва настапува со рецитал  виолинистот од САД Јасен Тодоров, влезот е слободен.