Почина охриѓанецот Влатко Димитров македонски атлетски селектор
Почина охриѓанецот Влатко Димитров македонски атлетски селектор.
Во 64 година од животот рано утрово, ненадејно, почина професор Влатко Димитров, македонскиот атлетски селектор и претседател на атлетскиот клуб Охрид.
Професор Димитров беше еден од најуспешните спортски работници во Охрид и долгогодишен претседател на АК Охрид. Со неговите исклучителни тренерски способности Охрид беше расадник на врвни атлетичари. Димитров ќе остане запаметен како успешен спортски работник, предводник и тренер на атлетичарите на Олимпијадата во Пекинг, но и дел од организацијата на Охридскиот атлетски маратон. Во 4 децениската работа на АК Охрид тој даде несебичен придонес за клубот да триумфира со над 5 илјади медалји, 45 освоени екипни места и преку 60 трофејни први места во младински категории.
Влатко Димитров за својот несебичен професионален ангажман беше добитник на бројни општествени награди меѓу кои и Св Климентовата повелба во 2001 година.
Опелото и погребот на професор Влатко Димитров ќе се извршат утре на градските гробишта во Охрид во 13 часот.