Skip to main content

Силна експлозија во центарот на Атина

Силна експлозија одекна пред Грчката корпорација за државен имот во централниот дел на Атина, при што е нанесена сериозна материјална штета, јавија грчките медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
Atina
Атина
Силна експлозија одекна пред Грчката корпорација за државен имот во централниот дел на Атина, при што е нанесена сериозна материјална штета, јавија грчките медиуми.
Во експлозијата нема убиени и повредени.
Во инцидентот е причинета штета на соседните згради и на паркираните автомобили кои се наоѓале во близина.

AtinaЕксплозивната направа била поставена во најлонска кеса и заврзана за уличен столб до влезот на зградата.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.
Првично беше соопштено дека пред зградата експодирал автомобил-бомба.
Грчката корпорација за државен имот, чие седиште се наоѓа на 250 метри од главната станица на атинската полиција, управува со државниот имот и е под контрола на Министерството за финансии.
По масовните протести во декември минатата година, кои често пати беа одбележани со насилство, грчките власти се соочени со серија напади на локални екстремистички групации.

 

 

 

 

 

{loadposition content9}