Летните температури донесоа и зголемен број на повици во брза помош
Летните температури донесоа и зголемен број на повици во брза помош
Портокаловата фаза која го зафати Охридскиот регион донесе и полни раце работа за службата на итна медицинска помош. Поради горештините граѓаните бараат почесто помош од оваа служба, вели раководителто на итна медицинска помош Д-р Горан Симјаноски.
„Зголемен е бројот на пациентите кој се должи на температурните промени кои се случија во изминативе денови и на високоите температури. Пациентите се жалат на висок крвен притисок , вртогалвица, главоболки, малаксалост, а има зголемен број на повици и за колабрирани лица“, напоменува д-р Симјаноски.
За да се заштитат граѓаните се повикуваат на внимателност. Препораките се да се избегнува директно изложување на сонце помеѓу 12 и 15 часот, да се јаде лесна храна и да се пие двојно повеќе течност од вообичаеното консумирање. Д-р Симјаноски напоменува дека иако најчесто на удар на летните жештини се повозрасните пациенти, да внимаваат и оние помладите.
„ Во секој случај од 12 до 17 часот кога УВ зрачењето е на високо ниво никако директно да не се изложуваат на сонце. Може да се оди на плажа , но да се седи под чадор и во сенка. Млсдите далеку повеќе да внесуваат течност од вообичаеното, а тоа не не би требало да е под 4 и 5 литри на ден, пред се вода“, укажува Симјаноски.
Во однос на екипираноста Д-р Симјаноски посочува дека се кадровски и технички добро подготвени. Во летниот период за време на туристичката сезона по потреба се ангажираат и додатни екипи на терен. Често се вклучуваат и по 3,4 па дури и по 5 екипи се за навреме да интрвенираат каде што има потреба. Итната медицинска помош при Здравствен дом Охрид интервенира и на подрачјето на општина Дебрца.