Градоначалникот Бакрачески ја посети специјалната болница за ортопедија и травматологија Св Еразмо Охридски
Градоначалникот Бакрачески ја посети специјалната болница за ортопедија и травматологија Св Еразмо Охридски
Во тек се градежните зафати врз реконструкцијата, адаптацијата и промените на новиот објект во рамките на специјланата болница за ортопедиај и трауматологија Св.Еразмо Охридски. Обиколка на објектот кој се гради направија градоначалникот Никола Бакрачески, неговиоте соработници заедно со првите луѓе на специјалната болница Св.Еразмо и на Заводот за Кардиологија, д-р Митко Тилев и д-р Изабела Автоска Наумоска.
Објектот е проект на Владат на РМ, но јас како градоначалник имам обврска да направам увид за да видам како течат активностите околу изградбата.
„ Ова е една од гордостите на јавниот здравствен систем на РМ. Тука ќе бидат сместени 2 -те најуспешни здравствени установи во јавниот здравствен систем на РМ кои постигнуваат резултати и заслужуваат убави простории.Тоа пак ќе создаде услови за нови постапки и процедури, за волуменот на работата кој ќе дојде и до проширување на дејностите во давање услуги на пациентите од поширокиот јужен регион , кажа при посетата градоначалникот Бакрачески.
Работите течат според предвидениот план кажа и првиот човек на специјалната болница Св. Еразмо Охридски д-р Митко Тилев.
„ Работите на градежните активности се во тек и се оди според зацртаните планови. Се надеваме дека до април 2017 проектот ќе биде реалзиран со што ова ќе стане една болницата каде што ќе се спојат Св Еразмо и заводот за кардологија Св. Стефан , а од пред 9 години тука дојде и специјалната детска болница“, истакна директорот на Св Еразмо д-р Митко Тилев.
Објектот кој се реконструира и адаптира е со површина од 5600 м квадртани . Од оваа површина на приземјето отпаѓаат 2200 метри квадратни , на првиот кат 2100 метри кавдратни и на втор кат 1300 матери квадратни.