Volkswagen се согласи да исплати 10,2 милијарди долари во рамките на договорот со неколку стотици илјади сопственици на автомобили во САД кои поднесоа тужби поради софтверот со кој германскиот автомобилски џин го лажираше нивото на штетни гасови на еко-тестот.
На повеќето износот ќе оди за надомест на штетата на сопствениците на 482.000 дволитарски дизел автомобили со вграден софтвер на кои беше лажирано нивото на испуштени штетни гасови. Сопствениците на автомобилите би можеле да добијат оштета од 1.000 до 7.000 долари, во зависност од староста на возилото, пренесуваат странските медиуми.
Овој договор би можел да се промени кога во вторник надлежниот судија ќе ја објави одлуката. Адвокатите кои ги застапуваат сопствениците на автомобили, Volkswagen и Американската агенција за заштита на околината сеуште не ги договориле чекорите кои VW би морал д ги превземе заради отстранување на проблемот.
Германскиот производител и понатаму е под закани на тужби поврзани со тролитарските дизелски автомобили, како и потенцијално големите глоби од американските регулаторни власти и можни казнени пријави.
Компанијата оваа година веќе ги дуплираше средствата резервирани а потребите за подмирување на трошоците поврзани со скандалот, на 16,2 милијарди долари.
Извршниот директор Matthias Mueller не ги изнесува вкупните трошоци на скандалот додека не се постигне конечниот договор со американските власти.