Југозападниот плански регион е на шесто место
Југозападниот плански регион е на шесто местo.
Според податоците на Државниот завод за статитика југозападниот плански регион е на шестото место годинава. Од последните аналзи до сегашните паднал од 4 на 6 место, од 8- те региони во земјава. Како го оценуваат ваквиот пад одговор побаравме од канацалеријата на југозападниот регион со седиште во Струга. Директорот Мирјана Лозаноска информира дека степенот на развој на планските региони се оценуваат на секои 4 години врз основа на социо-економски параметри.
На основа на тие анализи се прави посебна методологија и класификација на планските региони по степен на развиеност. Лозаноска се согласува дека покрај голем број фактори кои негативно се одразуваат на степенот на економска развиеност на регионот е и големиот број на иселени луѓе што е карактеристично за овој регион во последните години. Согласно таа класификација по региони во која се земаат предвид низа социо- економски параметри се доделуваат наменски средства за рамномерен развој од програмите на Министерството за локална самоуправа и од Биро за регионален развој, посочува Лозаноска.
„Според последната класификација на југозападниот плански регион му се доделуваат 13,3 проценти од вкупниот буџет наменет за развој на планските региони. Тука имаат влијание повеќе фактори заради кои нашиот регион слегол подолу .Фактори кои влијаат се економската активност и растот на стапката на невработеност, социјалните и други услови се одразуваат на таа анализа. Согласно тоа регионот е подолу на листата, но од друга страна добива повеќе средства за рамномерен развој“, напоменува Лозаноска.
Од програмата за рамномерен развој и стапката од 13,3 проценти во 2016 од Југозпааниот плански регион добил за реализација на проекти во висина од 24 милини денари. Овие пари се доделени за проекти кој Југозпадниот плански регион ги имплементира во насока за развој на планскиот регион , кажува директорката Лозаноска.
„ Оваа година и на крајот на 2015 доставивме 6 регионални проекти. Сите беа позитивно оценети, но сумата од 24 милиони денари беше доволна само за првите два понудени проекти. Во моментов е почната реализација на изведба на енергетска ефикасност на 7 објекти во регионот и подобрување на на услугите за туризмот преку поставување на јавни тоалети во туристичките центри“, подвлекува Лозаноска.
Од проектите за енергетска ефикасност се работи на реновирање на детска градинка, основни и средни училишта во Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца, Центар Жупа, Пласница, а се поставуваат јавни тоалети на две локации во Охрид и на една локација во Вевчани и Центар Жупа.