Кофинансирање на старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации
Претставници на Фондот за иновации денес во Охрид ги презентираа правилата и процедурите за аплицирање на третиот јавен повик за „Кофинансирање на старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации“.
Промовиран третиот отворен јавен повик на Фондот за иноваци за Кофинансирање на старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации во Охрид. Младите претприемачи и пронаоѓачите денес имаа можност да се запознаат со општите правила и процедури за аплицирање, а добија и подетални насоки за пополнување на апликацијата. Микро, мали и средни претпријатија од сите стопански гранки се подобни да аплицираат за средства под овој инструмент, а повикот е отворен до 1-ви август. Досега на претходните два јавни пивици, најголем интерес покажале фирми од IT секторот, но финансирани се проекти од други индисутрии како што се електро, машинската, прехранбената аи од сферата на земјоделството, а корисник на средставате и фирма од Охрид, информира Катерина Кречева – советник во Фондот за иновации.
„Би можеле да кажеме дека имаме еден корисник од Охрид, една успешно финансирана компанија од Охрид, која во моментов е при крај на реализација на својот проект. Сметаме дека ќе имаме една успешна приказна да ја презентираме пред охриѓани и пред регионот“, вели информира Катерина Кречева – советник во Фондот за иновации.
Инструментот има цел да го поттикне нивото на иновативност преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности на истражување и развој на „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија. Со овој инструмент се очекува да се поттикне културата на преземање ризик и иновативност, и да се обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, услуга итн, вели Катерина Кречева – советник во Фондот за иновации.
„Од нашите корисници од сопствениците и менаџерите на компаниите најмногу има млади луѓе, но има и искусни во бизнисот кои сега сакаат да воведат нов производ процес или услуга во конвенционалната дејност на претпријатието. Имаме менаџери кои претходно работеле во големи компании, но сгеа се обидуваат да остварат сопствен бизнис“ потенцира информира Катерина Кречева – советник во Фондот за иновации.
Воведувањето на нови производи и услуги ја прави една компанија поконкурентна на пазарот. Преку овој инструмент, Фондот обезбедува финансирање до 85% од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот.