Skip to main content

Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите на фер избори

Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите заеднички да се потрудат изборите во градот да поминат во фер и демократска атмосфера. Апелираат до граѓаните масовно да излезат на гласање и да помогнат во создавањато на Европска Македонија.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите заеднички да се потрудат изборите во градот да поминат во фер и демократска атмосфера. Апелираат до граѓаните масовно да излезат на гласање и да помогнат во создавањато на европска Македонија.

Тие ги повикаа политичките партии да покажат зрелост и на овие избори интересите на граѓаните да бидат пред интересите на партиите. Носителот на листата за советници на СДСМ, Александар Попоски, рече дека неговата партија не е во целост задоволна од начинот на кој се одвивале изборните кампањи на политичките опоненти.

presИмајќи го предвид фактот дека овие избори се одлучувачки за европската иднина на Македонија,  Попоски апелира до граѓаните да не обрнуваат внимание на последните повици за бојкот на изборите, туку напротив, масовно да излезат на гласање.

Од СДСМ ги осудуваат ваквите начини на притисоци и велат дека ова е само дел од минатото на Македонија. Ветија дека максимално ќе вложат напор изборите да поминат во фер и демократска атмосфера. Ги повикаа гласачите, без разлика на верска и национална припадност, да излезат на гласање и да ја дадат довербата за советничката листа на СДСМ, кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски и претстедателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски.

{loadposition content9}