Skip to main content

“Англија два пати во една седмица испаѓа од Европа”

Национална срамота полоша од онаа во 1950 година

 |  инфодеск  | 

Откако Исланд ја приреди можеби најголемата сензација во историјата на европските првенства, елиминирајќи ја Англија во осминафиналето со резултат од 2-1, англиските медиуми беа немилосрдни спрема селекторот и играчите.

Тоа беше бледо издание на гордиот албион во кој повторно видовме Хари Кејн да изведува слободни удари, Џек Вилшер, кој во сезоната одигра само неколку натпревари, додека Рахим Стерлинг започнува од првата минута. Беше за очекување дека британските медиуми и таблоиди ќе ги распнат играчите и селекторот.

 “Екипата на Хоџсон е понижена во срамотното издание и испаѓањето од Еуро. Англија претрпе еден од најпонижувачките порази во својата историја откако ја порази Исланд. Владеењето на Хоџсон ќе биде дефинирано како пораз кој може да се спореди со поразот од САД на светското првенство во 1950 година. Сега ќе почне самопреиспитувањето во земјата која себе сака да се нарекува светска фудбалска сила”, пишува Guardian.

“Ова беше ноќ во која Англија е најмногу понижена во меѓународниот фудбал, многу повеќе од поразот од САД во 1950 година. Поразот овде во Ница ќе биде многу поголема траума затоа што се случи во време кога Премиер лигата стана глобална индустрија”, пишува Telegraph

“ Хоџсон е пред отказ по срамотнит пораз од малиот Исланд. Англија два пати во една седмица испаѓа од Европа”, пишува Mirror.

Daily Mail поразот од Исланд го опиша како сеизмички бран и додава дека Хоџсон веројатно требал да биде сменет уште по испаѓањето во групната фаза на Светското првенство во Бразил 2014 година.

Освен критиките упатени до Хоџсон, критики доаѓаат и до играчите но и културата на Премиер лигата.

“Причина зошто нацијата се бори да почуствува емпатија или поврзаност со поголемиот број играчи е нивната гордост. Преславни, преважни, пребогати, премногу моќни, тоа е Англија”, пишува Independent.

“Национална срамота! Какво колење, ужас, без идеја, бескичмењаци и без малку срце”, пишува брутално Sun.

“Испаднаа, каква фарса”, пишува Metro.

“Крајната одговорност паѓа врз селекторот, но нема да згрешиме ако кажеме дека играчите го изневерија, барем оние кои можат многу подобро да одиграат. Хоџсон ќе ја превземе одговорноста и ќе ја плати цената, но тие преплатени играчи од Премиер лигата не смеат да ја избегнат критиката”, пишува BBC.