Skip to main content

„Лајкамобил “ од први јули трет мобилен оператор во Македонија

„Лајкамобил “ од први јули трет мобилен оператор во Македонија.

 |  Валентина Неловска  | 
lajka

 Над 10 земји од Европа и Балканот учествуваат на 4- тата меѓународна конференција на агенциите  за електронски комуникации.  Директорот на македонската агенција за електронски комуникации , Сашо  Димитријоски , истакна дека на средбата е разговарано меѓу другото и за спречување на сајбер криминалот. Изнесе податоци и за процесот на намалување на цените на роаминг услугите. Кажа дека цените  се намалувале  кон Србија, Црна Гора , БиХ и Македонија  сукцесивно, а сега на 1 јули се очекува и второто  намалување. Дoсега цените на услугите за роаминг кон овие земји биле намалени и за 80 посто. Се трудиме роамингот да се намали и за Албанија, но таму сеуште има голем отпор од  операторите. Во однос, пак на влегувањето на трет мобилен оператор во земјава Димитријоски го најви од 1 јули  влегувањето во Македонија  новиот трет , оператор  британската „ Лајкамобил“.

regulacija„ Да официјално треба да стартува со работа на 1 јули.Тоа  е нешто што се одвива и подготвува подолго Очекувањата се големи, но да почекаме како ќе се довиваат работите. На 1 јули се должни да почнат со работа“, најави Димитријоски.  

Зоран Бранковиќ од регулторното тело на  Србија истакна дека очекувањата од оваа средба се големи пред се  во насока на добро соседската соработка во регулација на  странски бренд. Бранковиќ кажа дека досега се постигнати значјани ефекти во делот на намалување на роаминг услугите во неколку земји од регионот.

„Има значајни ефекти иако има отпор на операторите. Со ова им се скратува можноста за приход, но со исправна регулација ќе придонесат за сите граѓани во регионот да имаат добри услови“, истакна Бранковиќ.  

Аљбан  Карапици  член на УО од Албанското регулторно тело кажа дека сеуште се прават напори во нивната земја да се намалат цените на  роаминг услугите кон земјите од соседството.

„ Не сме уште готови, ја дискутираме оваа проблематика со други оператори и со ресорното министерство во Албанија. Министерството за информитика со операторите ја разгледува оваа можност за да бидеме дел од поголемиот европски пазар,“ кажа Карапици.  

Точниот датум кога ќе се намалат цените на роаминг услугите на мобилните опретаори не може да се каже рече при тоа Карапици. Додаде дека интересот на Албанија како туристичка земја е  да се намалат цените не само кон Македонија и земјите од регионот туку и кон  другите Балкански држави и за Турција.