Прскањето против жолтомешката не бил приоритет на ресорното министерство
Прскањето против жолтомешката не бил приоритет на ресорното министерство.
Охриѓани и ова лето вознемирени од појавата на белата пеперутка. По минатогодишното лошо искуство со овој инсект сега има повторно нивна наезда. Овој вид на инсект не само што ги напаѓа и уништува шумите туку е опасен алерген за луѓето. Иако на оваа тема ТВМ Телевизија работеше уште во месец февруари со цел да се сензибилизираат надлежните за да се бара решение за уништување на инсектот од ресорното министерство тоа не се случи. Сега има повторно апели и заемни обвинувања кој е виновен за појавата. Оваа ситуација е актуелна па се крева гласот на политичарите. Советничката Верица Хајба се огласи за овој проблем и побара двјацата доктори градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на Центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов, да реагираат за уништување на белата пеперутка. Побара популистичката политика кога станува збор за здравјето на луѓето да остане настрана.
„Да преземат под итно дезинсекција на загрозеното подрачје бидејќи се работи за здравјето на луѓето. Сведоци сме дека беше само на кејот, а сега се шири во внатрешноста на Охрид. Популистичката политика да остане надвор кога станува збор за здравјето на луѓето . Докторите да мислат на нашето здравје на луѓето кои живеат тука и го посетуваат Охрид“,побара Хајба советничка од редовите на НСДП.
Атанско Михаилов директорот на Центарот за јавно здравје кажа дека во саботата праскале против комарци и белата пеперутка на кејот на своја добра волја. Апелира ресорното министретсво да го решава проблемот навреме за да ги уништи ларвите.
„Прскањето против жолтомешка е задолжение на Министерството за земјоделие. Дали ќе се прска не знам. Центарот за јавно здравје во интерес на граѓаните направи прскање со средство со кое се прска против комарци. Колкав е ефектот се гледа има резулатат, но проблемот треба систематски да се реши“, посочува д-р Михаилов.
Професор д-р Стерја Начески од Шумарскиот факултет во Скопје информира дека инцидентното прскање во оваа фаза врз пеперутките не дава резултати. За серизоно решавање на состојбата со жолтомешката во охридско не е направено ништо, потенцира д-р Начески. Иако тие дале препораки до Министерството од таму за прскање не издвоиле пари. Начески смета дека може да се интервенира на уништување на новата генерација ларви во септември, а ако не се интревенира и во овој период тогаш мора во пролетните месеци во 2017 кога е најдобро да се уништат ларвите. Во спортивно доколку не се контролира ситуацијата ќе бидат уништени големи површини со дабова шума, дециден е професор Начески.
„ Центарот за известување дијагноза и прогноза во службите за предвидување на штетни инсекти и растителни болести водиме грижа ама заради објективни причини, немало пари и не влегле во програма, не се издвоени средства. Но тоа е лоша последица за развој на дабовата шума кај нас , а која зафаќа 49 проценти од шумите“, укажува професор Начески.
Прашање упативме и до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство дали презеле мерки за уништување на ларвите на жолтомешаката.
Во одговорот испратен по мејл стои дека за оваа година прскање не е планирано приоритет е даден на уништување на боровиот четник на 13.000 хектари на територијата на РМ,а за уништување на жолтомешката е планирано во Програмата за следната година.
Инаку , според податоците на Шумарскиот факултет во охридскиот реон од жолтомешката се нападнати од 7 до 10.000 хектари шума. Професор Начески подвлекува дека тоа се смета за среден до многу јак интензитет. Напоменува дека во Буково се зафатени околу 5000 хектари, во Караорман 1600 хектари, а исклучок не е ни шумата во НП Галичица од каде што нема податок.