Канеофест по 15 ти пат во Охрид
Петар Нечовски, Славица Стевоска, Злате Антески Јорданка Смилеска се само дел од звучните имиња кои учествуваат на годинешново издание на „Канеофест“ 2015. Учесници има од Охрид Скопје, Битола, Штип. Фестивалот е во организација на Телевизија Морис а поддржан од општина Охрид.
Фестивалот на новокомпонирана музика „Канеофест“ 2016 по 15 ти пат ќе се одржи во Охрид. Телевизија Морис веќе 4 години се јавува како организатор и покровител. Фестивалот започнува утре во 21 часот во ЦК „Григор Прличев“, влезниците чинат 50 денари а како што појасни директорот на фестивалот Кристина Алексиеска со нив публиката ќе има можност да гласа.
„Фестивалот ги брои само новокомпонираните авторски музички македонски мелодии. Од 2013 година фествалот разви две фестивалски вечери и тоа првата вечер е посветена на фолк музиката, токму фолкерите ќе го отворат овогодинешното издание, а втората вечер ќе биде вечер на поп музиката“- вели Алексиеска.
Очекувањата на организаторите се дека годинешново издание на фестивалот Канеофест ќе произведе над 40 новокомпонирани музички дела кои ќе бидат од огромно значење за македонскиот фонд на музика. Јован Трпески, организаторот вели дека оваа година фестивалот Канеофест вреди да се посети.
„За првата вечер се пријавени дури 28 песни, одлучивме сите да ги пуштиме, значи повеќе нема место за првата вечер, малку подолго ќе пееме, затоа и се одлучивме во затворен простор да го реализираме бидејќи после 12 часот освежува, помалку се за втората вечер, но затоа пак имаме богат ревијален дел кој за посетителите ќе приреди незаборавна вечер“
Трпески смета дека фестивалот требало да се вметне во програмата на Белата ноќ, бидејќи се поклупува датумот на неговото одржување 01 и 02 јули. Инаку композициите ќе бидат оценувани според гласовите на публиката од страна на стручно жири составено од професори по музика. Покрај прва, втора и трета награда од публика и стручно жири годинава ќе бидат доделени наградите за најдобар аранжман, сценски настап, текст, дебитант и Гран При на фестивалот кое го доделува организаторот.