На влезoт од Охрид нема вертикална патоказна сигнализација
На влезoт од Охрид нема вертикална патоказна сигнализација.
На северниот влез од градот нема поставена патоказна сообраќајна сигнализација. Ова се слулчува на самиот старт на туристичката сезона кога во градот се очекува прилив на голем број туристи. Оние кои за прв пат доаѓаат во туристичкиот град со сопствено возило, се оставени без основните сообраќајни информации , на пример колку има до центарот, каде да се сврти за езерото или пристаништето, колку се оддалечени туристичките локалитети.
Некои од таблите кои беа наменети да им дадат првични сообраќајни информации на возачите со изградбата на кружните текови беа одстранети, а нови сеуште нема поставено. Вертикална сообраќајна сигнализација нема ама затоа билборди со огромни димензии никнуваат на секој чекор. Билбордите рекламираат разни производи и услуги, но не им се од голема корист на туристите и посетителите. Згора на тоа иритира и тоа што се поставуваат на среде велосипедските патеки , па така велосипедистите немаат слободна патека за возење.
Велосипедистите се принудени да ги заобиколуваат или да возат на тротоар па се создава хаос пешаци, мајки со колички, велоспипедисти, а не ретко и моторциклисти се движат на местото наменето за пешаци. А се почесто туристите изнајмуваат велосипеди и возат низ градот каде што условите за возење велосипед се се полоши наместо да се подобруваат како што ветуваа надлежните.
Друга приказна е што билбордите им сметаат и на дуќанџиите, им ги затскриваат излозите кои пак плаќаат годишна фирмарина на градот.
Од локалната самоуправа признаваат дека немаат поставено информативни знаци со насоки кон Св. Наум, Билјанини извори, Центарот, излез кон Битола и слично. Информираат дека решавање на проблемот ќе има за две недели.