Европската комисија ги крати ИПА-фондовите за Македонија
Додека трае истрагата не можат да говорат за детални информации за тоа, за колкави суми се води истрага
Европска комисија одлучила да скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, јавува „Алсат М“.
Европска комисија ја известила македонската Влада, а според информациите на овој медиум планирано е кратење и на останатите 50 милиони евра од ИПА-фондовите.
Европската канцеларија што е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, потврди дека води истрага за злоупотреба на средствата од ИПА-фондовите во Македонија.
Отаму додаваат дека додека трае истрагата, не можат да говорат за детални информации за тоа, за колкави суми се води истрага.
Вчера, канцеларијата на Меѓународниот моментарен фонд (ММФ) во Македонија информираше дека со завршувањето на мандатот на постојаниот претставник Патрик Гитон, ММФ нема да назначи нов претставник на негово место.