Почнува фолклорниот фестивал Разиграно оро
Почнува фолклорниот фестивал Разиграно оро.
Започнува новото издание на фолклорниот Фестивалот Разиграно оро. На сцената на Крушевска република вечерва почнува фестивалот на кое ќе настапат околу 500 играорци од повеќето Балкански земји и Полска.
„ Фестивалот започнува со дефиле низ охридските улици, до Крушевска република. Во текот на 4 и 5 јули ќе има презентација на фолклорното богатство на земјите учеснички“, кажува кореографот на Разиграно оро Георги Ставрески.
Фестивалот одбележува 1 деценија постоење,а низ годините настапиле со национален фолклор голем број играорци. Рекордна бројка на учесници имало во 2011 година кога гостувале 38 фолклорни групи со 2000 фолклористи .
„Голема е честа да се настапува на фестивалот. Има голем интерес да се учествува со цел да се презентира фолклорот и културно наследство на земјиет уечлнички, вели Ставрески.
на дво
Генерален покровител на годинешното издание на Фестивалот Разиграно оро е Полскиот конзулат во Охрид.
На дводневното издание на фестивалот учествуваат 14 фолклорни групи.