Стадионот Mingtang, гордоста на кинескиот град Ezhou, е претворен во џиновска када благодарение на обилните врнежи кои ја погодија таа држава.
Водата се искачила до таа мерка што буквално ги прекрила головите, а локалните медиуми напоменуваат дека стадионот никогаш не страдал толку од елементарни непогоди во триесет години откако бил изграден.
Ситуацијата со поплавите во Кина е до толку страшна што последните податоци говорат дека ширум земјата смртно настрадале 186 лица, а по 45 се трага, односно дури 1,5 милиони луѓе се евакуирани од нивните домови.