Oптимален број на првоодделенци во ОУ Григор Прличев
Oптимален број на првоодделенци во ОУ Григор Прличев.
Во основното училиште Григор Прличев во новата учебна 2016 /2017 година е запишан оптимален број на првоодделенци.Така годинава во прво одделение ќе стартуваат 112 ученици, додека во подрачното училиште има пријавено 18 првачиња, информира директорката на училиштето Силвија Мојсоска.
„Може да е и подобро. За нас во централното училиште оптимална бројка е 120 ученици. Се надеваме дека уште некое дете до почетокот на учебната година ќе се запише. Радува фактот што е стабилна бројката и не оди надолу. Во подрачното училиште во Рача за чудо бројот н аученици се наголемува. Претходните генерации беа од 4 до 9 одделение по 10 деца , лани имаше помалку, додека годинава се запишани 18 ученици. Тоа е добра бројка за подрачно училиште и оди во нагорна линија“, вели Мојсоска.
Училиштето успешно ја заврши оваа учебна година вели задоволно Мосјкска. За новата учебна година се прават и новите подготовки и наставни планови кажува директорката. Постојано се води грижа да се подобруваат училишните услови напоменува Мојска и ја најавува реконструкцијата на покривот.
„Во текот на оваа недела треба да започнат работите со реконструкација на крововите на двете училишни згради. Тоа е голем проект кој треба да се заврши до почетокот на учебната година. Крововите ќе бидат комплетно нови. Салонитот треба да се одстрани бидејќи е прогласен како загадувач на животната средина“, напоменува Мојсоска.
Мојсоска кажува дека средставата за оваа намена се целосно издвоени од министерството за образование и наука. Додава дека мината година со помош на Локалната самоуправа преку германскаста амбасада биле обезбедени пари за осовременување на кабинетот по предметот биологија.