Тешка сообраќајна незгода кај Требеништа
Тешка сообраќајка во близина на Охрид. Се судрија две возила, џип марка „Порше“ и „Крајслер“. Во незгодата учествувало и едно товарно моторно возило марка „Ивеко“. Еден од повредените е префрлен на хирургија во Општа болница Охрид, а другите во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“.
Три лица тешко повредени во сообраќајна незгода во Требеништа, охридско. Незгодата се случила утрово во 07 часот и 50 мин на магистралниот пат Охрид – Кичево. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, причините за сообраќајната незгода сеуште се утврдуваат.
„Во моментов се вршат интензивни активности со цел утврдување на причините за сообраќајната незгода. Акцентот е ставен на информацијата дали причина за сообраќајната незгода е невнимателното претекнување на колона возила во која што бил и џипот марка Порше, односно претекнувањето извршено од првото возило џип марка Крајслер“.
Димоски кажа дека сеуште не бил познат ниту идентитетот на трите повредени лица кои биле во Крајслерот со американски национални ознаки за што се преземале мерки за утврдување на нивниот идентитет. Едно од нив било префрлено во Општата болница Охрид на хируршкото одделение, додека двете тешко повредени во болницата Св Еразмо“ .
За нецели 24 часа ова е втора незгода во охридскиот регион. Димоски со апел, внимателно управување со патничките и други моторни возила на било кој патен правец, а посебно да внимаваат во моменти на претекнување, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да внимаваат на личната безбедност како и на безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
„Полициски службеници постојано има на патните правци во градот и околните места и вршат безбедносни мерки и активности со цел подигнување на степенот на безбедност на сообраќајот, посебно на тој правец каде што е во тек изградба на патот, треба дополнително да се внимава и дополнително да се почитуваат правилата и прописите“
За време на увидот сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево неколку часови беше во прекин за товарни возила и автобуси, додека пак патничките возила биле пренасочувани по локалните патишта. Увидот бил направен во присуство на јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи на СВР Охрид.