Skip to main content

Започна 55 издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Започна 55 издание на Балканскиот фестивал на народни песни и  игри.

 |  Валентина Неловска  | 
фе


 Со звуците на прекрасниот македонски фолклор изведуван од НА „Танец“ започна 55 издание на Балканскиот  фестивал.  Пред бројната публика  говореше претседателката на Советот на Охрид, Гордана Коњаноска која истакна дека од сцената на Долни Сарај се упатува универзална порака за хуманизам,а исто времено се презентира сопствениот идентитет, јазик и културно наследство.

фест

„ Пораките ќе бидат уште посилни затоа што се испраќаат од Охрид, светото место каде што со милениуми се напластувале цивилизациските човекови достигнување“, истакна во своето обраќање Гордана Коњаноска.  

Балканскиот фестивал е под покровителство на Собранието на Република Макеоднија .За отворен го прогласи претседателот  на Собранието  Трајко Велјаноски. Велјаноски меѓу другото кааж дека станува збор за фестивалска манифестација преку која макодонскиот фолклор и песна се претставува дома, во регионот и пошироките меридијани во светот.

 

фест„Ваквиот успех лежи во големото богатство што во себе го носи македонската музика и фолклор.Тоа богатство се надополнува со богаттсвото на припадниците на другите етнички заедници кои со векови живеат овде. Но, важно  за успешната фестивалска манифестација е тоа што ние сме отворени кон културните вредности и на другите народи, ги  почитуваме, ги споделуваме културатате, музиката и фолклорот, а покрај тоа што имаат свои обележја носат и универзални вредности“, кажа Велјаноски.  

Во текот на сите овие изминати години на сцента на Долни Сарај продефилирале фолклористи од  Европа, САД, Канада, Австралија, Јапонија, Малезија, Нигерија и др. земји.

Вечерва гостуваат фолклорните ансамбли „Александар  Македонски“ од Мелбурн, Австралија и „Гоце Делчев“ од Битола.