Ederzito Antonio Macedo Lopes или скратено Eder е најновиот португалски херој. Погоди во 109 минута и ја одведе во транс целата нација носејќи ја првата титула на Португалија првак на Европа во нејзината историја.
Eder е роден во малата афричка држава Гвинеја-Бисау пред 29 години, а во Португалија се доселил на 11 години. Фудбал почнал да тренира во непознатиот клуб Oliveira Hospital, а кариерата ја продолжил во Tourizense и Coimbra. Играл добро и му се насмевнувал трансфер на островото. Наводно заинтересиран бил West Ham, а Eder ја напуштил Coimbra. Сите мислеле дека заминал во славниот англиски клуб, но од West Ham го демнатирале состанокот со него. Го немaло ден-два па претседателот на Coimbra ја повикал полицијата, а скитникот Eder на крајот се вратил во клубот. По овој настан се смирил и набрзо има трансфер во Braga во 2012 година каде по одличните игри постигнува 26 голови во 60 настапи. По добрите настапи во Braga заминува во англискиот Swansea за седум милиони евра и така конечно заигрува во Премиер лигата. Во меѓувреме дебитира за репрезентацијата на 11 септември 2012 година против Азејберџан во победата од 3-0, а првиот гол за Португалија го постигна против Италија во пријателската средба минатата година. Вкупно има три гола во 28 средби за репрезентацијата. Во Swansea тој не се снаоѓа најдобро и го позајмиле во Lille, а францускиот клуб токму пред неколку дена го откупи неговиот договор за 4,5 милиони евра.
Довербата на селекторот Fernando Santos најдобро ја искажа на синоќешниот натпревар на најдобар можен начин носејќи ја титулата европски првак на Португалија.
Меѓудругото Eder открива што му рекол Ronaldo пред да влезе на теренот.
“Ronaldo ми рече да го постигнам победоносниот гол! Таа енергија ја пренесов на теренот. Бевме спектакуларни, португалскиот народ тоа го заслужи”, изјави Eder.
Финалето кое го доби Португалија со 1-0 по продолженијата го одбележа и повредата на најдобриот светски фудбалер Ronaldo кој поради проблеми со коленото го напушти теренот во 25 минута. Тој на ова европско првенство сруши два рекорди – стана фудбалер со најмногу настапи на европските првенства (21) и прв фудбалер кој бил стрелец на четири европски првенства. Два гола постигна на ЕП во 2004 година, еден во 2008, три на ЕП во 2012 и три во Франција 2016 година.