Skip to main content

Мецо сопранот Елина Гаранча и диригентот Ион Марин пристигнаа во Охрид

Мецо сопранот Елина Гаранча и диригентот Ион Марин пристигнаа во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Се е подготвено да стартува 56 -то издание на Фестивалот Охридско лето. Музичката дива оперската пејачка од Латвија,  Елина Гаранча и романскиот диригент, Ион Марин пристигнаа во Охрид.  Имињата на двајцата музичари  предизвика голем интерес кај домашната и странската публика и чест е што овие ѕзезди ќе ја надополнат богатата фестивалска историја на Охридско лето, истакна на денешната прес конференција директорот на  фестивалот Оливер Арсовски.
 

ох лето„Тоа е доказ дека на фестивалската сцена за годинешното свечено отварање повторно имаме добри и славни уметници. Ќе бидеме добри домаќини.  Се е подготвено з а спектакуларното отварање , времето ќе не послужи  и може да кажеме дека не очекува невидено уметничко доживување достојно за реномето кое го има Охридско лето“, истакна Арсовски.

Сопранистката Елина Гаранча доаѓа за прв пат во Македонија, додека на диригентот Ион Марин ова му е трето  доаѓање во Охрид. Гаринча кажа дека досега не знаела дека Фестивалот има толку долга историја од 56 годишна традиција и дека има такви достигнувања.

„ За фестивалот Охридско лето дознав од мои  пријатели музичари. Со мојот настап утрвечер ќе продолжиме во овој континуитет на прекрасни возбудливи настапи кои го следат секоја година отварањето на Охридско лето“, истакна Гаранча.

ох летоИон Марин е задоволен што е втора генерација диригенти кои настапувале на Охридско лето. Тој во два наврати  го придружувал неговиот татко кој како диригент гостувал на Фестивалот Охридско лето.


„За прв пат дојдов во 1969 и 1978 година во придружба на татко ми кој диригираше Мадригал Хор од Букурешт. Од 1969 немам многу сеќавања, но од 1978 се сеќавам на топлината на ова  земја и луѓето. Се сеќавам и ја потврдувам желбата на овој народ за убавото, “истакна Марин.

Елина Гаранча заедно со оркестарот на Македонската  опера и балет по диригентската  палка на Ион Марин  утревечер  на свечената  гала вечер ќе настапат со  арии од Чајковски и Сен Санс, а ќе биде изведена и операта Кармен од  Жорж Бизе.