Skip to main content

Програмата за поставување времени објекти ги револтира граѓаните кои имаат такви објекти

Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти која се донесе на минатата седница за некои сопственици на вакви објекти е крајно незаконска. Најзасегнати се сопствениците на објектите наспроти автобуската станица кои јавно реагираа. Оваа одлука е неприфатлива и за советниците од СДСМ.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Донесувањето на предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти на седницата на совет која се одржа во понеделникот, ги вознемири граѓаните кои имаат такви објекти. Денес реагираа сопствениците на објектите на локација бр. 6 која се наоѓа наспроти автобуската станица каде има 13 времени објекти.

Таа одлука е крајно незаконска и поради нејзиното донесување ќе сносат одговорност и советниците кои ја изгласаа, а и градоначалникот кој е подносител. Овие објекти не може да се стават во таа програма бидејќи за нив има одлука на совет  од 2013та година за нивна легализација која никој не ја спроведува веќе три години. Имаме и четири позитивни решенија од второстепена комисија  за легализација. За тие објекти плаќаме данок на имот секоја година, имаме и имотни листови на кои јасно стои дека овие објекти се бесправно изградени, вели Михајло Гушевски, сопственик на еден од објектите.

Координаторот на советничката група на ОО СДСМ , Јован Стојаноски рече дека тие на седницата укажале на ваквите недоследности, но и покрај тоа одлуката била изгласана. Со нејзиното донесување  се направи неправедно применување на Законот за легализација и негово селективно  применување, потенцира тој.

Луѓето ќе останат без својот извор на егзистенција, а воедно и многу други наши сограѓани чии постојни времени објекти не се дел од донесената Програма, ќе се вознемирени и ќе стравуваат за судбината на нивните деловни објекти во кои заработувале парче леб, рече Стојаноски.

СДСМ и коалиционите партнери најостро се спротивставуваат на ваквите потези на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ апелирајќи да не донесуваат штетни одлуки, со кои најголемата штета паѓа врз грбот на граѓаните.