Skip to main content

Недовербата и љубомората најчести причини за разводи меѓу охриѓани

Недовербата и љубомората најчести причини за разводи меѓу охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
лето

20 охридски брачни парови се разведени од почетокот на годинава заклучно со месец мај. Одлука за раскинување на брачната заедница донесле партнери со пократок брачен стаж, но и оние кои биле во подолга брачна врска, а причините за разводите се од најразличен карактер, вели Павлина Пероска социјален работник и раководител на одделението за брак и семејство во Центарот за социјални работи Охрид.  
 
„Бројот на разводите во однос на старосната граница и година на живеење во брак се различни. Повеќе има разводи на помлади брачни партнери. Причини се недоверба, нетрпеливост, различни ставови во воспитување на малолетните деца, а и невработеноста е една од причните за развод“, информира Перовска.

За жал, не само помладите охриѓани, туку брачната врска се одлучуваат да ја раскинат  и  луѓе кои биле подолго време во брак.


„Во последно време се случува  кај постарите развод на брак заради појава на љубомора. Особено тоа е изразено по 50 годишната возраст“, напоменува Перовска.

 

p

Брачните другари во последно време  се одлучуваат спогодбено да се разведат за да ги поделат судските трошоци. Има и појави каде што разводите не поминуваат преку центарот за социјални работи за да се избегне мировната постапка и доделувањето на децата,  туку судот го развел бракот и го известил центарот со пресуда за разведениот брак, додава Перовска.  Таа дополнува дека   бројката од 20 разведени бракови оваа година заклучно со месец мај е иста со бројот на разводи во истиот период лани. Минатата година се прекинале   60  брака.