Skip to main content

Чекоштина станува привлечно место за живеење на охриѓани

Чекоштина  станува привлечно место за живеење на охриѓани.

 |  Валентина Неловска  | 

Населбата  Чекоштинаа се повеќе заживува и станува  место за живеење на многу охриѓани, но населбата има бројни комунални проблеми. Жителите реагираат на неколку кои би сакале Локалната  самоупрва да им ги реши. Еден од поголемите кој  им задава главоболка, а и  сериозен страв се кучињата скитници. Тие најчесто се прегладнети и во чопор ја напаѓаат  домашната живина  и луѓето кои овде имаат  имот и куќи, а и  туристите кои се сместени во вилата  Оаза ин и во хотелот Сончева Порта, се жалат жителите од Чекоштина. Помеѓу жителите кои апелираат за решавање на овој проблем  е и поранешниот охридски советник  Ванчо Огненов.  

„Еден горлив проблем се кучињата скитници. Овде има овчарски трла и стари запуштени кучиња скитници во голем број. Во некој период од годината се поактивни и врвењето пешки по патото  е ризично за помладите, а камоли за постарите и велосипедистите“, наведува Огненов  за сериозниот проблем со кој се соочуваат во Чекоштина.

На потребата од  решавање на дел по дел од проблемите укажува жителот  и   сегашниот советник од редовите на Вмро Дпмне, Климент Шешов . Тежнееме Охрид да биде туристички центар, а со сместувачките капацитети кои се атрактивни за странските гости  и во Чекоштина е потребно подобро комунално уредување.
 
„ Проблемот со кучињата скитници е многу голем и никој не се осмелува и ретко кој оди пешки. Се оди со коли заради страв од напаѓање на кучињата. Мораме да најдеме решение. Можеби оваа година не, но проблемот се иницира од граѓаните кои редовно живеат тука во месноста Чекоштина. Бараме да се преземат мерки на соодветните институции да го решат проблемот“, додава Шешов.
 
За овој проблем побаравме став од Локалната  самоупрва како ќе го решаваат проблемот со кучињата скитници  во Чекоштина. Но како и во другите делови од градот каде што скоро секојдевно кучињата напаѓаат луѓе, од таму нема никаков коментар. Не препраќаат по одговор кај Комуналец, од каде што пак никој не одговри на нашите повици.
 
Жителите од Чекоштина укажуваат и на неосветлениот потег од влезот кај бензиската пумпа Лукоил, па се до Алтанин мост. За овој проблем Љупчо Танески портпаролот од Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици кажа дека на нивна адреса има стигнато барање за осветлување, но  жителите ќе мора да почекаат за  да се постаи  јавно улично осветлување на тој потег.


„За споменатиот потег има барање од граѓани кои имаат постојани и времени објекти, но во  3 годишниот план и програма за развој на комуналната сфера е во план да се постават улични светилки таму, но не станува збор за приоритет туку во прв план ќе се ново проектираните улични светла кои се влезени во програмата за оваа година“, вели Танески.

Според договорот на двата партнери Локалната самоуправа и чешката фирма задолжена за оддржување на јавното улично осветлување, во следните 15 години ќе биде поставена светлосна мрежа од 622 нови улични светилки, информира Танески. Меѓу нив ќе е светлосната мрежа во Чекоштина , додава Танески.