Skip to main content

„Сонот на Гогољ“ вечерва во предворјето на Св Софија

Вечерва во предворјето на Црквата Св Софија, публикумот на фестивалот „Охридско лето“ ќе ја проследи театарската претстава „Сонот на Гогољ“. Оваа претстава е работена според драмски текстови на Николај Васиљевич Гогољ, а ќе ја изведат актерите на реномираниот бугарски театар Сфумато.

 |  Николоска Биљана  | 

 

„Гогољ“ е тема која девет години е на репертоарот на „Сфумато тетарот“ од Бугарија. Таа секогаш се изведува во сали исполнети до последното седиште со љубители на театарската уметност. Театарската претстава „Сонот на Гогољ“ зборува за еден провинциски човек кој доаѓа од Украина и се наоѓа во Санкт Петербург. Тој сонува за својата земја каде ќе ја сретне својата мајка, а ќе се најде и во лудница. Истакнатиот професор од Факултетот за драмски уметности во Софија, Иван Добчев, образложува дека актерите на Сфумато театарот од Бугарија ќе го доловат Гогољ преку човекот кој што не се случил, нема љубов и е маргинализиран.

„Тоа ни дава право да се занимаваме со текстовите на Гогољ и треба да се каже дека денеска тие текстови имаат добра перцепција и неочекувано добар прием. Најинтерсно во цела работа е што се среќаваме со млади гледачи кои преку нашите текстови го откриваат сонот на Гогољ“- додава Добчев.

Маргарита Младенова една од најдобрите режисерки во Бугарија на фестивалот „Охридско лето“ учествува по четврти пат.

„Отсекогаш ни било сон да имаме претстава во предворјето на црквата „Света Софија“. И минатиот пат со актерската екипа стоевме пред самата црква и си претставувавме како би било едно наше театарско дејство да се одигра тука зашто самата црква дава позитивна енергија и можност на друг начин да се прикаже текстуалниот и аудитивнот дел на самата претстава “ – вели Младенова.

Во „Сонот на Гогољ“ играат Христо Петков, Цветан Алексиев, Огњан Голев, Снежина Петрова, Албена Георгиева, Мирослава Гоговска и Елена Димитрова. Меѓу нив е и нашиот актер Антонио Димитриевски, кој вели, имав огромна желба да играм во овој театар и таа ми се исполни,

„Сонот на Гогољ е моја прва претстава по завршувањето на студиите во класата на Добчев и Младенова, со асистент Албена Ѓеоргиева и тоа беше прв професионале обид на сцената. Затоа сум неизмерно сум благодарен за укажаната шанса зашто сепак тоа е друга држава јазик сличен но корено различен кога станува збор за сцена .

„Сфумато“ тетарот е лабораторија која во последните две и пол децении остава печат во балканскиот и европскиот театар, вели драмскиот селектор Ѓорги Јолески.

„Она што е карактеристично за нив е што секоја театарска претстава произлегува од лабораториски пристап, вид на истражување на различни теми, во различни околности, со различни актери кои генерациски стануваат дел од театарско семејство. Многу е специфично што оваа претстава е режирана од двајцата професори на ФДУ во Софија и е необична зашто најчесто секоја тетарска претстава има еден режисер“.

Јолески нагласи дека најчесто големите режисери како Питер Брук, Боб Вилсон, работат со асистенти, а во овој случај според него интересно било што има двајца стожери на дел од претставите кои ги работи Сфумато театарот. Инаку за публиката што вечерва ќе ја следи претставата „Сонот на Гогољ“ ќе има и превод на македонски јазик.