Skip to main content

Во Охрид се провлекуваат нелегални тезгаџии

Во Охрид  провлекуваат  нелегални тезгаџии.

 |  Валентина Неловска  | 
tezgi

Во летната туристичка сезона во Охрид нема само туристи туку и трговци кои заработуваат на легален  или нелегален начин. Покрај оние кои се легално поставени,  во вечерните чесови заблежеливо е дека се поставуваат тезги на локации кои не се предвидени за таа намена. Се провелкуваат нелеглно поставени тезги  и покрај тоа што инспекторите од  општинскиот инспекторат си ја вршат работата, тврди портпаролот Томе  Џамтоски.  

tezgi„Луѓето кои заработуваат на тој начин дел од опремата може да ја расклопат за неколку минути и нашите инспектори не може тоа да го следат до крај но ве увреуваме нашата законска обврска и тендер е запазена“, вели Џамтоски.

Џамтоски напоменува дека инспектрорите работат во две смени и дека во 2015 година со извештајот за работа се покажало дека општинските инспектори работеле добро.

„Покажува дека ефикасноста на инспекотрите е подобрена и луѓето добро си ја вршат рабоатат без да ги оправдувам. Во  летната туристичка сезона Охрид е преплавен не само од туристите туку и од трговците каде што има нелегални појави и непочитување на законските прописи“, кажува Џамтоски.
tezgi 
Тезги со сувенири, накит,  книги и други предмети се поставуваат на неколку  локации предвидени  за поставување на летна урбан опрема кај поштата, во чаршијата, на кејот. Тезги има и на Плаошник, Билјанини извори , но ги нема на потегот на пешаката патека која се гради  кон Горица. Од локалната самоуправа напоменуваат дека инетерс за тие локации нема можеби затоа што патеката сеуште е во изградба. Постои можност од идната година да се преиспита одлуката за одобрување локации  на тој потег.