МВР има потреба од полициски службеници и во СВР Охрид
МВР има потреба и од полициски службеници и во СВР Охрид.
Тече огласот од Министерството за внатрешни работи за вработување на 30 полицајци за потребните на СВР Охрид и 45 извршители за регионалниот центар за гранични работи Југ. Ние имаме потреба од полициски службеници, истакна од Охрид министерот Митко Чавков.
„За охридскиот регион и сите регионални сектори успеавме да ги подигнеме персоналните капацитети на соодветно ниво.Вративме полициски службеници од 1,2,3 генерација кои имаа завршено курс за полицајции кои беа на работа во Скопје. Тие сега се вратени на регионално ниво, покрај нив мината година примивме и полициски службеници со високо образованеи во криминалистичката полиција и имаме оптимална бројка со која може да го покриеме регионот. Но, сеуште имаме недостаток работите да ги оптимизираме“, истакна министерот за внатрешни работи Чавков.
Покрај огласот за вработување на 30 полицајци во СВР Охрид, има оглас и за 45 извршители за Регионален центар за гранични работи Југ. Со овој конкурс ние ќе ги задоволиме сите потреби и со полн капацитет ќе се гарантира безбедноста на целиот регион , истакна Чавков.
Со стратегијата за развој на човечки ресурси во МВР до 2020 ресорното министрво имало точни податоци колку нови вработувања им се потребни во земјава, истакна Чавков. Доколку успеат да обезбедат финансиска согласност за вработувања од Министерството за финансии тие ќе направат напори за вработување и на нови полицајци, додаде Чавков.