Охридските кајчари ќе подлежат на алкотест
Охридските кајчари ќе подлежат на алкотест.
Охридските кајчари, но и капетани на катамарини и бродови, ќе подлежат на алкотест, ја најавуваат оваа новина од Охридската капетанија.
„Посебно во летниот период има контроли на алкахол на самите управувачи на пловните објекти на сите. Не треба да бидат изненадени наутичарите доколку дојдат во ситуација да им биде тестирана количината на алкохол во крвта. Се е тоа добро , посебно за нив кои уживаат на Охридското езеро , возат блиски и други патници и не е дозволено да бидат неодговрни и под дејство на алкохол“, подвелекува капетанот на Пристаништата на РМ Горан Устијансоки.
Од Капетанија прават се нивото на безбедност на Охридското езеро и ова туррситичка сезона да биде на што повисоко рамниште и да нема ризични ситуации. На контрола поделжат сите пловила без исклучок, вели капетанот.
„ Гледаме да има техничка исправност и опременост. Најстроги контроли има во однос на патниците кои се товараат , не само на кајчарите туку и на бродовите. Тоа е нешто на кое нема шанса да се напарви пропуст ,тврди капетанот Устијански.
Под опременост на сите пловила за да има безбедност на патниците покрај спасувачките појаси, се вклучуваат и средствата за давање сигнал, ноќната осветленост, радиостаницата како и средствата за испумпување на вода, наведува капетанот Горан Устијаноски.