Порасна социјалната, постојаната парична помош и субвенциите за струја
Од овој месец ново зголемување на социјалната и постојаната парична помош. Околу 600 корисници од Охрид во јули ќе добијат за 5% зголемена социјална парична помош. Охридскиот центар за социјални грижи бележи се помалу манипулации при изготвување на документација за остварување на правата од социјалната сфера.
Јулските исплати за социјална и постојана парична помош зголемени за 5%. Тоа ќе го почуствуваат вкупно 445 корисници на социјална и 147 на постојана помош. Наташа Христовска од Центарот за социјални работи Охрид, вели дека оваа промена е согласно новите измени и дополнувања на Законот за социјална заштита. Додаде дека новите измени на законот се однесуваат и во делот на субвенцијата за потрошена електрична енергија.
„Зголемување ќе има и кај субвенцијата за потрошена електрична енергија, односно сите корисници на социјална и постојана парична помош кои што поднесле барање за остварување на правото во текот на месец јули ќе биде зголемена од 800 на 900 денари“.
Христовкса информираше и за новата програма на Министерствот за труд и социјална политика која се однесува за рефундирање на средства. Таа појасни во што се состои истата.
„Во тек е јавен повик за поднесување на барање по однос на програмата за рефундирање на парични средства, платени како данок на ДДВ, царински давачки и акциза за набавка на патнички автомобил. Корисници на ова право се лица со најмалку 80% инвалидност на долните екстремитети, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, потполно слепо лице до придружник и потполно глуво лице. Рокот за поднесување на барања по однос на оваа програма енајдоцна до 30 септември 2016 година“
Средствата за покачувањата од социјалната сфера се обезбедени од државниот буџет. Инаку охридскиот центар за Социјални грижи бележи се помалку манипулации при изготвување на документација за остварување на правата од социјалната сфера. Првиот човек на установата Арсим Османи вели дека тоа се должи благодарение на воведувањето на новиот систем за исплата на правата, како и со електронската поврзаност со другите надлежни институции. Во моментов најниската социјална парична помош изнесува 2831 денар а највисоката 7020 денари, додека пак висината на најниската постојана парична помош изнесува 4247 денари а највисоката 8494 ден.