„Симфониска имагинација“ прва самостојна изложба на сликарката Марија Мешкоска
„Симфониска имагинација“ прва самостојна изложба на сликарката Марија Мешкоска.
19 уметнички дела масло на платно лирска апстракција ќе бидат вечерва изложени во Куќата на Робевци дело на сликарката Марија Мешкоска. Сликите ги хармонизираат со семантички пристап музичките и ликовните сензации. Насловот на првата самостојна изложба на Мешкова е Симфониска имагимација со богат колорит од кои зрачи живот.
„Темата Симфонсикса имагинација не е избрана случајно. Тоа беше составен дел од мојот живот . Музиката во одреден дел од мојот живот заземаше главно место,а понатака морав да одберам меѓу ликовната и музичката уметност. Кога се одлучив за ликовнатат ументост сакав да пронајдам спој меѓу нив. И додека ја изучував ликовната форма и боја имав познавање и од музиката и сфатив дека овие две уметности имаат огрома поврзаност“, вели Мешкоска.
Марија Мешкова е дипломирана акдемска сликарка во класата на професор Благој Маневски. Магистерските студии ги продолжува во Болоња каде што избрала да ги проучува конзервацијата и реставрацијата.
„Тоа е поврзана со самото сликарство во поглед на техниката и технологијата на метеријали да се зачувани во иднина, а е потребно еден сликар да ј а познава таа технологија “, кажува младата сликарка.
Идните планови на сликарката Мешкоска се да ј а истражува Симфониската имагинација уште повеќе во неисцрпната ризница на мисли и чувста.
Изложбата на сликарката Марија Мешкоска е во рамките на Фестивалот Охридско лето во Куќата на Робевци, а поставката ќе трае 10 дена.