Skip to main content

Станоиздавачите од мал обем, најголеми прекршители на законот

Станоиздавачите од мал обем, најголеми прекршители на законот. Тоа го говорат податоците кои ги добивме од Локалната самоуправа на општина Охрид, односно од работата на општинскиот инспекторат за изминативе 6 месеци.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридскиот општински инспекторат направил околу 900 контроли од почетокот на 2016 година, заклучно со 30 јуни. Обидувајќи се да направиме пресек на извршени контроли од страна на општинскиот инспекторат за време на летната туристичка сезона, а кои се однесуваат на урбаната опрема, плажите и угостителските објекти во градов, од Локалната самоуправа на Охрид добивме полугодишни извештаи за пооделни одделенија на инспекторатот.

„Ако го разгледаме табеларниот преглед по месеци ќе видиме точно колку се, меѓутоа јас ви ја кажав вкупната сума. Но она што е значајно да се каже е дека инспекторите се постојано на терен и постојано работат мислам дека обемот на работа зголемен, нашите инспектори доследно и совесно си ја вршат својата работа нашите инспектори“ – вели Џамтоски.

Најголеми прекршувања бележи општинскиот инспектор од оддлението за градежни работи каде се евидентирани 189 прекршувања, но ништо помалку не заостануваат ниту записниците кои ги направил инспекторот за туризам, а значителни прекршувања на законот има и во поставувањето на урбаната опрема како што појасни Џамтоски.

„Со голема доза на сигурност претпоставувам дека најголеми прекршители на законот се граѓаните, посебно во инспекторатот за туризам најголемите прекршоци се од граѓаните односно од станоиздавачите од мал обем. Има прекршувања, но како што покажуваат извештаите, вложуваме максимални напори тие прекршувања да бидат во што помал број и помал обем и се разбира апелираме до граѓаните оние кои што не учествувале на тендерот и оние кои немаат уредна документација за поставување урбана опрема да не го прават тоа бидејќи работат на своја штета и на штета на она што значи имиџ на градот односно на оние места кои се предвидени за поставување урбана опрема“.

Од локалната не прецизираа за двата месеци од оваа туристичка сезона јуни и јули, колку записници се изготвени , дали и колку се изречени казни за непочитување на правилата од страна на угостители, концесионери на плажи и станоиздавачи.