Вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор
Прехрамбени производи и пијалоци како и друга стока наместо во маркетите изложена надвор пред самиот маркет. Граѓаните реагираат дека оваа појава и летово паѓа в очи пред маркетот Рамстор. Бараат стоката да биде соодветно складирана. Од дирекцијата на синџирот маркети Рамстор велат дека воопшто не се случувало подолг временски период производите да се чуваат надвор од објектот но ветуваат дека стоката на просторот пред маркетот ќе бидат отстранета.
И ова лето граѓаните реагираат дека во одредени маркети и продавници низ градов производите се чуваат на несоодветно место, најчесто пред самиот маркет изложени на надворешни влијанија, но и нагрдувајќи ја сликата на просторот околу маркетот. Посебно реагираат за пијалоците кои се во ПЕТ амбалажа. Оние кои се јавија до нашата редакција кажуваат дека на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид. Цели палети со стока се остава и чува надвор од објектот до самиот плоштад. Тие додаваат дека ваквата слика не е рткост за малите малски продавници, но кога станува збор за големи маркети на познати брендови потрошувачите очекуваат поголема дисциплина во спроведувањето на стандардите. Кај производите на чија декларација пишува дека треба да се чуваат на ладно и темно место, стручњаците велат дека никако не смее да се случуваат вакви пропусти кои можат да го загрозат здравјето на граѓаните. Тие објаснуват дека Кога ПЕТ амбалажата е изложена на високи температури и сончева светлина испушта штетни материи и тоа АНТИМОН И БИСФЕНОЛ А. Антимонот е тежок метал кој делува негативно на белите дробови и срцето како и на дигестивниот систем. Бисфенолот А е синтетичка супстанца која делува штетно на ендокриниот систем. Од дирекцијата на синџирот маркети Рамстор велат дека воопшто не се случувало подолг временски период вода и други пијалоци да се чувале на сонце во надворешниот дел од маркетот во Охрид. Додаваат дека за време на доставата одредени производи биле поставувани во надворешниот дел од маркетот пред да бидат поставени во фрижидерите или на рафтовите. Велат дека на овај чекор биле приморани, бидејки од градските власти имале притисок во екот на сезоната да не ја чуваат робата на местото за прием бидејки маркетот е во централно градско подрачје. Од Рамстор тврдат дека ги запазувале сите стандарди за манипулирање со храна. Додаваат дека ќе бидат известени сите добавувачи да не ја оставаат стоката на тоа место, а останати артикли кои го заземаат просторот пред самиот маркет и преставуваат грда слика за купувачите и минувачите во најбрз рок да бидат отстранети.