Skip to main content

Повеќе од 40 повредени на пиво фест во Приштина

Пукање и стампедо на локалниот пиво-фест во центарот на Приштина

 |  инфодеск  | 

Повеќе од 40 лица се повредени во петокот навечер во стампедото, по пукање од огнено оружје, кое се случило во центарот на Приштина каде се одржувал локален пиво-фест “Birfest”, објави косовската полиција.

Пукањето започнало по караница, а едно лице е застрелано, јавува RTS.

Спрема изворите од приштинската болница останатите повредени се здобиле со повреди откако панично бегале од плоштадот во центарот на Приштина, во близина на готелот “Гранд”.

Приштинските медиуми наведуваат дека по пукањето на градскиот плоштад владеело хаос, а неколку луѓе останале да лежат на улиците.

Полицијата набрзо по пукањето го затворила плоштадот и објави дека го пронашла застреланото момче.