Skip to main content

Концерт на рок составот „Ван Гог“

Српската рок атракција, групата „Ван Год“ во рамките на офф програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва со концерт во Охрид.

 |   | 

Еден од најголемите балкнаски рок состави, српскиот бенд „Ван Гог“, вечерва на Долни Сарај ќе одржат рок концерт на фестивалот „Охридско лето“. Надвор од рамките на класичниот дел, овој пат фестивалот како дел од својата дополнителна програма ќе понуди музичко доживување за пошироката публика.

„Охридско лето“ малку по малку, но малку поскромно ќе го отворам и за друг вид на публика, а во исто време да нема импакт на класичниот дел на Охридско лето“, истакна Оливер Арсовски – директор на фестивалот „Охридско лето“.

Од новиот курс и новиот креативен метаболизам на фестивалот кој станува привлечен веќе и за поширокиот аудиториум, задоволен и Звонимир Џукиќ – Џуле фронтменот на составот „Ван Гог“. Џуле сеуште под импресии од локацијата на која ќе настапат со ветување до публиката дека овој пат, нивната музика ќе биде пропратена и со вузелно доживување.

„Прекрасен е просторот на кој ќе настапиме, прекрасен е погледот кој позади нас се простира во кој публиката исто така ќе ужива, така да навистина огромна е честа ќе повторам по кој знае кој пат, дека на овој концерт, публиката и визуелно ќе може да ужива во нотите и стиховите кои со нив сакаме да ги споделиме“, вети Звонимир Џукиќ – Џуле – фронтмен „Ван Гог“.

Групата Ван Гог е формирана во 1986 година кога го објавуваат и нивниот прв сингл „Трагови на минатото“. Досега имаат објавено 9 албуми, а последниот е насловен „Неумерен у свему“. За песната „Ангеле мој брате“ од последниот албум тие направија и македонска верзија од истата, која се наоѓа на плеј листите на македонските радио станици.

Ван Гог два пати се добитници на престижната награда од Ем-ти-ви Адрија, во категоријата за најдобар регионален изведувач.