Skip to main content

Андреј Стојаноски, севкупен победник на малиот пливачки маратон

Андреј Стојаноски, е сениорски и севкупен победник, додека во женска конкуренција, со најсјајното одличје се закити младата пливачка Стефани Тримчевска.

 |   | 

Македонското пливање го чека светла иднина. Повеќе од педесет млади пливачи и пливачки, денес учествува на Илинденскиот пливачки маратон, кој се одржува по 37-ми пат. Андреј Стојаноски од скопскиот клуб „Бета“ по четврт пат триумфираше на „малиот маратон“, а патеката од хотелот „Парк“ до Градското пристаниште, Андреј ја мина за време од 32 минути, 53 секунди и 51 стотинка. Неговиот клубски колега, Тодороски Мартин, вели дека малиот пливачки маратон за него е искуство на кое секоја година со задоволство се навраќа.

„Оваа ми е десетта година како настапувам на маратонот и едно искуство кое само си го надоградувам, и минатата година бев втор, па следна година здравје боже прв“ вели Мартин.

Во женска конкуренција, со најсјајното одличје се закити младата пливачка Стефани Тримчевска. Во конкуренција за пливачи и пливачки до 16 години победија Андреј Стојаноски (37.36.54) односно Калина Захариева (32.08.87). Стојаноски кој прв пат настапува на маратонот и покрај здравствените проблеми упсеа да триумфира во својата класа, вели дека и покрај напорните тренинизи маратонското пливање останува негова голема љубов.

„За овој маратон се подготвувам цела година и на тренинг веќе тренерот ми дава потешки тренинзи, подолги дисциплини, за да можев да се спремам за маратонов“ ветува Андреј.

Вистинско освежување на годинешното издание на малиот маратон беше учеството и резултатот кој го постигна најмладиот учесник на маратонот, кој е и најмлад во целата историја на одржување на овој спортски настан, Василиј, Топалоски. Василиј, по овој упех, подготвен за нови предизвици.

„Би сакал уште еден маратон вака да испливам со успех, и да добијам нешто повеќе“ вели малиот Василиј.

На годинешното издание на малиот пливачки маратон учествуваа вкупно 52 пливачи во четири категории. На целта кај градското пристаниште,простигнаа сите пријавени на старт учесници.