Изборниот процес во Струга помина во фер и демократска атмосфера
Општинската изборна комисија ги објави првичните резултати за градоначалник, советничка листа и претседателски кандидат.
Право на глас имаа 53 371 гласач. Во текот на вчерашниот ден, се гласаше на 76 избирачки места бидејќи изборниот процес не се реализира во 2 села, поради непристапноста на патиштата.
Според првичните информации кои денес ги објави општинската изборна комисија, од претседателските кандидати најмногу гласови има Имер Селмани 9 999, Мируше Хоџа има 2 689, Нано Ружин 532, Ѓорѓе Иванов 5 233, Љубе Бошкоски 2 831, Агрон Буџаку 5 250 и Љубомир Фрчкоски 3 376. Од градоначалничките кандидати Менди Чура 5 151, Фијат Цаноски 7 335, Рамиз Мерко 9 162, Славко Котески 7 021 и Џевдет Насуфи 1 328 гласови. Од советничките листи носителот на листата на ЛДП, Сретен Бандоски има 907 гласови, Абдула Ќазимоски од Нова Демократија 2 532, СДСМ чиј носител е Александар Попоски има вкупно 3 626, ДУИ односно Џеваир Беќири 8 315, партијата ПОДЕМ и Науме Кутаноскис има освоено 540 гласови, Сурија Рашиди носителот на листата на ДПА има 4 799 додека ПЕИ чиј носител е Мирсад Мемишоски има вкупно 3 364 гласови. Овие податоци се неофицијални кои ги објави општинската изборна комисија.
{loadposition content9}