Skip to main content

Турски бизнисмени заинтересирани за воведување нов оператор на охридскиот аеродром

Турски бизнисмени  заинтересирани за основање на авио компанија, чии летови би биле со база од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и би функционирала како национален оператор.

 |   | 

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска  прими делегација  од Истанбул-  Турција, којашто е заинтересирана за основање на авио компанија,  чии летови би биле со база од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и би функционирала како национален оператор.

Гостите во придружба на  директорот на маркетинг од ТАВ – Истанбул, Серкан Карахатај  го информираа градоначалникот Бакрачески  дека  би воспоставиле летови  од Охрид кон  Италија, Истанбул, Лондон и Салзбург, а поддршката од Општина Охрид ја очекуваат во делот на субвенционирање на авио летовите. Планираните летови би биле за помал број патници со тоа што би им се понудил поголем комфор и услуга.  

Градоначалникот Никола Бакрачески ги информира гостите дека Општина Охрид веќе ја субвенциониара  авио линијата  Охрид – Лутон со која оперира компанијата „Визер“ два пати во неделата, за што општината има потпишано договор до 2018 година.
Потенцијалните инвеститори се обврзани да достават бизнис план и писмо од интерес до Локалната самоуправа. Градоначалникот  Бакрачески изрази уверување дека ќе се разгледаат сите можности за субвенционирање преку Владата или со спроведување регионални проекти во кои би се вклучиле и соседните општини.