Италија: Боинг 737 заврши на патот во близина на аеродром
Поради лошото време авионот заврши на патот кој минува во близина на аеродромот
Карго авион Боинг737 се сруши при слетувањето на аеродромот во Бергамо, Италија. Поради лоши временски услови авионот заврши на на патот кој минува во близина на аеродромот и за среќа никој не е повреден.
До несреќата дошло во петок во 4 часот наутро. Откако авионот успеал да слета на една од пистите тој го продолжил слетувањето и завршил на блискиот пат. Тој летал од Париз, а екипажот се извлекол без повреди, јавува Guardian.


