Skip to main content

Намален бројот на болни од туберкулоза во Македонија

Околу 9,2 милиони лица секоја година заболуваат од туберкулоза, а умираат околу 0.7 милиони, од кои 0,2 милиони се заразени со вирусот ХИВ.

logo
лого
Околу 9,2 милиони лица секоја година заболуваат од туберкулоза, а умираат околу 0.7 милиони, од кои 0,2 милиони се заразени со вирусот ХИВ.
Дневно од туберкулоза умираат околу 5.000 болни, а една третина од светската популација е инфицирана со туберкулозниот бацил.
Тоа се податоци на Светската здравствена организација кои ги соопшти Институтот за белодробни заболувања во пресрет на 24 март – Светскиот ден за борба против туберкулозата.

bacilВо последните три години во Македонија се бележи постојано намалување на бројот на заболени од туберкулоза. Во 2006 година се регистрирани 627 болни со стапка на инциденца 31 на 100.000 население; стапка на смртност 1,7 на 100.000; во 2007 година – 563 болни, стапка на инциденца 27/100.000 население, стапка на смртност 1,8/100.000, додека во 2008 бројот е намален на 483 со стапка на инциденца 23,8 /100.000 население; смртност 1,3 на 100.000.
Особен проблем, како што информира Институтот повикувајќи се на податоците на СЗО, се случаите со мултирезистентна форма на ТБ (МДР-ТБ); според најновите проценки секоја година се регистрираат околу половина милион болни со МДР-ТБ.

ТБ-пандемијата значително се зголемува и како последица на големиот број резистентни случаи на туберкулоза и смртната комбинација меѓу туберкулозата и ХИВ инфекцијата. Бројот на болните со ТБ/ХИВ се проценува на околу 12 милиони, а 70 проценти од нив се во субсахарска Африка и 20 отсто во Азија.
Туберкулозата е глобален проблем за чие решавање Светската здравствена организација во 1993 година ја промовираше стратегијата Партнерство за стоп на туберкулозта (ДОТС-стратегија), која се применува во 157 земји во светот. Нејзината цел е да се намали бројот на заболени и, согласно Милениумските развојни цели, болеста да биде искоренета до крајот на 2050 година.

{loadposition content9}