Охриѓани се вклучуваат во хуманитарната помош за поплавените во скопско и тетовско
Охриѓани се вклучуваат во хуманитарната помош за поплавените во скопско и тетовско.
Охридската организација на Црвен крст веднаш се вклучи да им помогне на жителите од настраданиот северен регион на земјава. За да им помогнат на настраданите од поплавите понудиле помош во човечки ресурси и материјални добра, информира Мимоза Ставрева секретар на ОО ЦК. Охридски компании и граѓани веќе се вклучиле со конкретна помош за настраданите семејства во скопско и тетовско.
„Да се јавија неколку граѓани кои сакаат да донесат помош“, посочува Ставрева.
Со поплавата на многу семејства им се уништени домовите и покуќнината. На настраданото население во овој критичен период им се забранува користење на водата за пиење и земјоделските производи кои ги имаат. Се очекува хуманите граѓани да се вклучат и да помогнат.
„Сите охриѓани кои чувствуваат дека може да помогнат да донираат. Просториите на ЦК се отворени од 8 до 8 часот навечер. Може да донираат конзервирана храна, бебешка храна, пелени, вода за пиење и средства за лична хигиена и дезинфекција“, напоменува Ставрева.
Граѓаните може да уплаќаат парична помош на сметката на ЦК на Македонија на фондот за солидарност, Ж-ро сметка 300000001327966 Комерцијална банка, ДБ4030984271620 или да донираат 100 денари со повик на телефонскиот број 143 400 од сите мобилни оператори во земјава.